Free zone

За долната облека на жените: Еден градник бил виновен за многу сообраќајни несреќи! Дознајте кој

Ви претставуваме краток преглед на историјата на модата. Еве како долната облека се менувала во текот на годините.

Старите Египќанки, 3,000 г. пр. н. е

Една работа која е заедничка за египетските и хипи девојките од шеесетите години – не носеле градници. Слугите биле облечени само до половината, додека богатите имале привилегија целото тело да го покријат со долга ткаенина.

Корсети од пеколот, 1890-тите

Корсетите, кои често биле нарекувани долна облека од пеколот, станале популарни во текот на 16. и 17. век во Франција. Тие толку многу затегнувале, што често предизвикувале абортус, ги искривувале органите и ги искривувале ребрата. Тоа била цената на убавината.

Свилена долна облека, во 1920 година.

Корсетите кои многу стегаат и ги искривуваат деловите од телото станале минато. Долната облека станала помалку женствена и помалку ограничувачка. Ткаенината станала по мека и поудобна па ги покривала нозете до листовите.

Вондербра, 1990.

Овој градник бил вистинска револуција, поради неговата способност да ги подигне и визуелно да ги зголеми градите. Каков спас за тинејџерките, несигурни во својот изглед. Кога во 1994. година се појавил билборд на кој Ева Херцигова го рекламирала овој градник, бил толку провокативен, што се сметало дека е виновник за многу сообраќајни несреќи.

Гламур на 21-от век

Новиот милениум претставува нов период во кој долната облека станува гламурозна. На традиционалната ревија на “Викторија Сикрет” минатата година е претставен градникот вреден десет милиони долари украсен со скапоцени камења.

Write A Comment