After Midnight

За што лажат жените?

Несвесно или намерно, сите лажат. Меѓутоа има некои работи за кои неколку лажат повеќе од дргите. Така на пример:

Одличен си во кревет.
Ако ја започне оваа приказна без пред тоа вие да ја прашате, тогаш имате причина да не иверувате. Жените кои се длабоко заљубени во партнерот, кажуваат нешта што тие сакат да ги слушнат, да би се чувствувале подобро. Значи понекогаш има вистина во тоа.

Не грижи се, секому може да му се случи.
Ако направите некоја грешка во нешто или барем еднаш не се покажете во кревет, оваа лага сигурно ќе ја слушнете. Не сака да ви покаже колку е вознемирена, или лута, па зборува едно а мисли друго. Единствено што ви останува е во иднина да не правите грешки.

 

Ти си совршен. Те сакам таков каков што си и ништо не би променила кај тебе.
Сериозно, никој не е совршен. Можеби во почетокот на врската кога не ве знаат доволно. Но подоцна, сигурно ќе имаат забелешки кои не ги изнесуваат.

Во право си.
Секоја дискусија со партнерката се завршува со тоа. Тоа ве прави среќни, но треба да знаете дека ова е лага. Сигурно не ни размислувала во можноста да сте во право, туку само автоматски, да би ве замолчила. Најверојатно веќе го има постигнато тоа што го сака и сега и не е битно што ќе каже дека сте во право, а и да не сте, знае дека покасно ќе сфатите како стојат работите и ќе чека извинување.

Напиши коментар