Објавено е видеото од снимањето на спотот за дуетот Can’T Remember To Forget You во кое познатите пејачки признале што мислат една за друга.
– Таа е најсекси жена на светот! Кошмар ми е да лежам до неа и постојано го вовлекувам стомакот додека таа возвишено седи – изјавила Ријана (25) признавајќи дека Шакира (37) е еден од нејзините омилени изведувачи.
Шакира ја избра Ријана за соработка на песната Can’t Remember To Forget You поради комбинацијата на реге и рок ритамот за кој младата пејачка од Барбадос е совршена, а освен тоа, таа е една од најубавите и најсекси жени:
– Бог знае дека јас можам да бидам секси, но таа е тоа во секој момент, секоја секунда од својот живот – ја прокоментирала Шакира својата колешка.
