Денес светот станува сè помал. Технологијата ги зближува луѓето, па иако сте разделени со стотици или илјадници километри од вашиот партнер, нема причина зошто да не ѝ дадете шанса на вашата врска. Едноставно треба да сакате да успеете.
- Воспоставете ефективна комуникација. Фактот дека ќе бидете разделени долго време не влијае добро и на двата. Затоа, прво нешто што треба да направите е да најдете ефективен начин да комуницирате. Иако телефонот е првото нешто што може да ви дојде на ум, тоа не значи дека е најсоодветниот и најевтиниот начин за комуникација. Интернетот е најдобриот пријател на врската од растојание
- Искористете го максимално времето кога сте заедно. Не очекувајте премногу од него за наредниот пат кога ќе се видете. Животот не е филм и ако тој не ве пречека со букет рози – не се разочарувајте. Сигурно не сакате да го поминете целото време додека сте заедно лутејќи се за мали нешта. Најважно е што сте заедно. Времето минува брзо, па затоа искористете го максимално.
- Изненадете го. Направете непланирано патување и изненадете го вашиот партнер. А ако немате можност да го направите тоа, искористете ја вашата фантазија. Испратете му мал подарок или картичка. Верувајте тој ќе го оцени вашиот труд.
- Контролирајте ја љубомората. Еден од најлесните начини да ја уништите вашата врска е да ја потопите во љубомора. Не го прашувајте секогаш со кој излегува, кога се прибира и зошто пропуштил да ви пише SMS за да ви посака добра ноќ. И вие и вашиот партнер треба да имате активен социјален живот и доверба еден кон друг. Ако немате доверба во него, врската може да се распадне дури и ако сте постојано заедно. Понекогаш покажете мала доза на љубомора. Тоа ќе му каже дека имате силни чувства кон него.
- Зборувајте за вашата заедничка иднина. Правете планови за вашиот живот и за тоа што би правеле кога повторно ќе бидете заедно. Така и двата ќе знаете дека вашата врска оди некаде.