← НАЗАД НА БОЗА

Затегнете го стомакот во канцеларија!

Затегнете го стомакот во канцеларија!
576 Читања

Секогаш постои можност за вежбање, било каде и во било кое време.  Ако времето е бариера која ги спречува овие луѓе да ги постигнат посакуваните резулати, тогаш без разлика дали се дома или на работа или на службено патување, ние им нудиме 5 канцелариски вежби кои се ефикасни и забавни.

  • Со помош на канцелариската столица-ова е едноставна вежба која може да биде и една од најефикасните за зајакнување на телото.Се прави на следниот начин: – Започнете со исправување на грбот и опуштање на рамената, подигнете ги прстите на нозете до врвот на чевлите што ги носите. Грбот целосно исправен, а колената благо потсвиткани.Полека без да ја менувате таа положба станувајте од столчето на кое седите и повторно спуштајте се, но не седнувајте.Рацете не ги користете за помош. Едно исправување и седнување нека трае 10секунди.Неколку пати повторете ја вежбата и одморете.
  • Искористете го бирото-оваа фантастична канцелариска вежба ќе го зајакне и горниот и долниот дел од телото. Еве како се прави: – Телото да биде во положба каде ќе има завземено права линија.Тоа ќе го направите со помош на рацете, односно со мускулите на рацете.Со дланките цврсто ќе го допрете бирото, како да се наоѓате пред пресконференција. Лактите благо ќе ги свиткате скоро во висина на рамената, односно во агол од 90 степени.Додека сте во таа позиција направете 10 клекнување.
  • Положба победа-оваа вежба е важна за активирање на постуалната мускулатура.Започнете со нормално, според вас удобно седење на вашата работна столица.Рацете исправете ги над главата, во кос агол и спојте ги дланките.Полега издишувајте и вдишувајте.Од нормална исправеност, постепено благо насочете го телото нанапред, со тоа се отвораат градите и внесува повеќе воздух.Направете 5 до 10 издишувања и вдишувања во оваа положба.
  • Канцелариска вежба патник- оваа вежба е корисна за раздбижување на глутеусите, односно на вашиот задник.Од нормалното седење во столицата полека подигнете ја едната страна на колкот колку глутеусот да се раздели од столицата.Повторетего истото со другата страна.На секоја страна по 30 секунди, правете ја вежбата колку што вам ви одговара.
  •  Бизнис летачка положба-оваа канцелариска вежба е токму за да го ослободи стресот на телото, предизвикан од работата на бирoто.Посебно на средината од грбот.Започнете со стоечки став, исправете се што повеќе, главата и рамената повлечетеги нанапред и помалку надолу, со цел да се создаде така наречена совршена положба.Едната нога исправете ја наназад, а со колковите и со другата нога која е на подот полека наведнувајте се.Држете се во таква наведната положба 3 секунди, а потоа вратете се во старата позиција.Оваа канцелариска вежба трае 1 минута, а потоа истото го правите и со другата нога.Ќе приметите како цело тело се раздвижува и циркулира.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk