Вистинската жена не чека нејзиното момче сам да дојде до заклучок за што размислува, туку едноставно му го кажува тоа. Вистинската жена својата врска ја негува во реалноста, а не во виртуелна верзија
Кој кажува дека созревањето е лошо? Со зрелоста доаѓаат и некои добри работи кои не ни се достапни пред да станеме жени, а една од најдобрите работи е и – вистинските мажи.
Секако, вистинските мажи бараат и вистински жени, а доколку не си сигурна дека си една од нив, следуваат неколку детали кои ќе ти помогнат во врска со тоа.
Девојки кои се облекуваат провокативно
И тоа е најчесто единствениот начин со кој успеваат да привлечат внимание кај мажите. Краткорочно, тоа совршено функционира, но за подолго, секој маж би избрал жена која знае да се облече доволно провокативно, но и да знае дека изгледа секси, без разлика на тоа што ќе облече, бидејќи сексапилот доаѓа одвнатре.
Девојките очекуваат мажите да знаат за што размислуваат
Кавгите најчесто започнуваат поради ова…кога девојката очекува дека нејзиното момче треба да знае точно за што мисли, а тој најчесто, воопшто и не знае. Вистинската жена не чека нејзиното момче сам да дојде до заклучок за што размислува – вистинската жена тоа едноставно му го кажува.
Девојките неконтролирано прекумерно пијат
На секого може тоа да му се случи, но главната разлика помеѓу девојките и жените е во тоа што жената ја знае својата граница, па затоа и многу ретко може да се види пијана, како се тетерави во некој клуб.
Девојките не можат да дочекаат да го променат својот статус за својата врска на Facebook
Некои дури и започнуваат врска поради тоа. Жените, од друга страна, многу често и забораваат дека имаат FB, a својата врска ја негуваат во реалноста, а не во виртуелна верзија.
Девојки кои озборуваат
Во ред, озборуваат и жените, но тие се наоѓаат со своите пријателки и имаат трач рубрика. Девојките пак, не бираат време, ни место, па затоа многу често разговорите со своите другарки ги пренесуваат на своите момчиња, кои пак, најверојатно воопшто не се ни заинтересирани да ги слушаат.