Верувале или не, на мажите сте им неодоливи кога тоа најмалку го очекувате. Иако не ви е ни на крај памет дека го импресионирате или возбудувате, прочитајте кога сте им многу привлечни.
Кога се нервирате заради гужва во сообраќајот
Не би ви паднало на памет дека во тој момент на нервно растројство некому можете да му бидете привлечни, но на мажите им е мног симпатично кога се нервирате.
Кога ја тргате косата од лицето
Можеби звучи како клише, но кога случајно ќе ја отстраните косата од вашето лице, на мажите сте им благо речено неодоливи.
Кога се концентрирате на важен разговор
Озбилно лице, подигнати веќи и потполна посветеност на разговорот ги привлекува мажите.
Излегување од тушот без шминка
Мокри, без шминка, со заруменети образи – идеал на жена каква што мажите сакаат.
Кога плачете или по плачењето
Поголем дел од жените би се заколнале дека тогаш изгледаат најлошо, но има нешто секси и привлечно додека сте така ранети. Во мажите тогаш се буди заштитнички инстикт, но и страст.
Жена која знае да користи алат
Ова не знаат да го објаснат, но мажите велат дека им е многу секси кога жената знае да користи алат.
