← НАЗАД НА БОЗА

Жените обожуваат лоши мажи!

Жените обожуваат лоши мажи!
452 Читања

Добрите мочиња може да се земе дека се предвидливи што е причина за досада. Освен тоа премногу се обидуваат врската да опстане, поради што не постои никаков предизвик. Сепак, се чини дека на дамите не им се допаѓаат добрите момци бидејќи никогаш не се спротивставуваат на нивното мислење,  а како што реално се одвиваат работите не постои жена што не сака расправија. Токму тие повремени расправии се здрави и врската ја прават повозбудлива и подинамична.

Додека лошите мажи им приоѓаат скоро на секоја девојка која ќе ја сретнат, размислувајќи дека барем кај една финтата ќе им успее, фините и пријатните момци се плашат од одбивање, поради тоа ќе им пријдат само на онаа девојка за која се вистински заинтересирани. Токму тоа жените го знаат, плус на тоа ќе додадат дека ваквиот маж е премногу чувствителен и уште од старт имаат некаква совест и не сакаат да го повредат.

Генерално гледано, убавото однесување треба да е доблест. Кога запознаваат маж кој е кавалер, кој ги почитува и сака, дамите често сметаат дека тој само фолира и дека тоа е уште една стратегија за привлекување внимание и секако секс. Ваквите мажи често се несгурни во себе и воглавном нема да кажат дека нешто им смета. После неколку месеци девојките почнуваат да се нервираат, па гледаат дека ваквиот добар маж им оди по кефот и себе си се запоставува за да ги задоволи нејзините потреби. Е ова веќе девојките не можат да го поднесат.

Освен што им станува досадно, ваквиот маж почнува да се жали како сè што прави прави за девојката, неа не ѝ одговара… а тука проблемот бил во мажот. Повеќето девојки не сакаат сè да им е како подмачкано, не сакаат некој да им јаде од рака, едноставно сааат маж кој ќе ги почитува и цени.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk