After Midnight

Жените сакаат мажи со брада!

Еве неколку причини зошто како дел од вашиот имиџ треба да е и брадата. Овие примери доаѓаат од женските искуства за мажите со брада.

Симбол за мачо типови – Едно истражување покажало дека 98% од мажите од листата на Форбс на 100 најбогати мажи во светот, немаат брада. Но дури 98% од светски познатите моторџии, каубојци, екс војници и останати “лоши момци” имаат брада или мустаќи.

Моќта на мажите со брада – Некогаш мажот со брада бил симбол за мудрост. Научниците тврдат дека тој факт држи вода и ден денес. Истражувањата покажале дека жените во кризни ситуации повеќе доверба имаат во оние мажи кои имаат брада и мустаќи. Овој феномен, научниците го толкуваат како поврзување на мудроста и зрелоста кои ги симболизираат токму влакната на лицето.

Тродневна брада – Едно истражување покажало дека жените “паѓаат” на тродневна брада, пример онаа што често ја има Џорџ Клуни, и сметаат дека токму ваквите мажи изгледаат неодоливо секси.

Жените сакаат зрели мажи – Според една анкета во која учествувале само жени, резултатите што се добиле биле изненадувачки. На анкетата им биле покажувани слики  од еден ист маж но во различни фази, со пуштена брада, со кратка брада, со свежо избричено лице. Повеќето од жените за најубава фотографија ја одбрале онаа на која мажот има брада повеќе од 10 дена.

Write A Comment