Иако сакаат промени, мажите го сакаат и чувството на стабилност и сакаат познати работи. Поради тоа бившата често им паѓа на памет кога ќе се возбудат, а ако ја сретнат и ако и таа тоа го сака, често доаѓа до “потсетување” на тоа како се изгледало. Ако вашиот бивш дечко сака секс со вас, ова се можните причини за тоа.
1. Поранешната ја познава и не мора да ја импресионира и не се грижи дали ќе се налути ако направи нешто. Како и да е, ова нема да може да помогне на едниот за преболување.
2. Не е лесно да се најде нова личност за врска и за секс. Ако сака некој побрзо да се опушти, секогаш тој трча кај бившата.
3. Секогаш вели „само уште еднаш“, но сексот секогаш повторно ги зближува партнерите, дури и кога не го сакаат тоа. Многу често се случува после сексот за една ноќ да следува помирување. Сепак и овие одлуки не се долгорочни.
4. Дури и прегратката го лачи хормонот окситоцин, кој ве разнежнува дури и кога не сакате да бидете повеќе со некого во животот, а со сексот доаѓаат силни чувства на кои е невозможно да се биде имун.
5. Сака да бидете „пријатели со привилегии“ и да имате само секс со опуштена врска.
6. Ако причината за секс е тоа што жената му недостига на мажот, тогаш е во ред, но не е доволна причина за секс. Нормално е некој да ви недостига, но тоа е дел од процесот на преболување и закрепнување. Ако имате секс повторно ќе минете низ истиот процес.
