Иако мажите изгледаат како секогаш да се подготвени за секс, нe треба да се разочарувате ако некогаш вашиот партнер не може да доживее ерекција. Причината не сте вие. Постојат неколку причини кои можат да придонесат кон тоа, доколку не се работи за здравствен проблем туку за нешто безопасно.
Деконцентрација
Многу работи може да му го одвлечат вниманието на вашиот партнер. Една таква работа е ако вашата соба и собата на вашите родители или цимерка ги дели еден ѕид. Ако забележите дека тоа е проблемот, понудете му да одите некаде каде што ќе бидете сами.
Кондоми
Научниците докажале дека постои поврзаност помеѓу ерекцијата и кондомите. Ова значи дека на некои мажи може да им се спушти во моментот кога навлекуваат кондом. За да се заштитите од полово преносливи болести или бременост, не дозволувајте партнерот да го извади кондомот. Се што треба да направите е повеќе да се потрудите, и со поголема и подолга стимулација ќе успеете да ја одржите неговата цврстина.
Брза ејакулација
Тажно, но вистинито… статистиките велат дека на еден од тројца мажи често му се случува да има брза ејакулација. Ова значи дека може да доживее оргазам за помалку од 2 минути. По оргазмот на партнерот ќе му биде потребно повеќе време за повторна ерекција. Не откажувајте се, туку по некое време обидете се повторно да го возбудите.
Нездрави навики
Несоницата, цигарите, алкохолот, марихуаната и други наркотици можат да влијаат врз ерекцијата на вашиот партнер.
Стрес
Без разлика дали е загрижен за работата или дали ја заклучил надворешната врата, стресот може да влијае на ерекцијата. Пред да се впуштите во сексуална игра разговарајте со партнерот за неговите проблеми и пробајте да го релаксирате.
Често мастурбирање
Ако вашиот партнер мастурбира многу пати на ден, неговиот пенис нема да ја постигне максималната цврстина за време на сексуалниот однос.
