After Midnight

Зошто утре може да биде многу касно…

Вчера – веќе е минато…

Утре – не можеме да знаеме…

Утре може да биде касно…

За да кажеш дека сакаш, да кажеш дека ти е жал, да се извиниш,

Да кажеш дека сакаш да се обидеш повторно,

Утре може да биде многу касно,

За да побараш прошка,

За да кажеш – Прости ми, грешката беше моја…

Твојата љубов, утре може да е непотребна!

Твоето извинување утре може да биде излишно!

Твоето враќање утре може да биде неочекувано!

Твоето писмо утре може да биде непрочитано!

Твојата нежност утре може да биде несподелена!

Зошто утре може да биде многу, многу касно…

Не оставај за утре да кажеш – те сакам, ми недостигаш, прости ми…

Не одлагај ја за утре твојата насмевка, твојата прегратка, твојата нежност, твојата работа, твоите мечти, твојата помош…

Не заборавај: Утре може да биде многу касно!

Барај! Моли! Настојувај! Пробај уште еднаш!

Денес е важно!

Утре може да биде касно…многу касно…

Напиши коментар