Врската на далечина може да биде успешна, само треба да знаете како…
Не можете да претерате со заведување! Никогаш не го заборавајте тоа. Воведете што повеќе секс, секси повици и секси пораки.
Двајцата мора да се потрудите да комуницирате редовно.
Не се лутете ако некогаш во договореното време не успеете да искомуницирате.
Споделете моменти, “заедно” гледајте филм, гответе исто јадење и зборувајте на телефон.
Планирајте кога ќе се видите следен пат, така ќе имате на што да се радувате.
Делете ги трошоците кога се посетувате, да избегнете целиот товар да падне на едниот од вас.
Кога ќе се најдете, работите нека се одвиваат спонтано. Ако сакате, целиот ден поминете го во кревет. Немора да ви биде испланирана секоја минута.
Научете да уживате во вашето слободно време кога сте одвоени или правете го сето она за што не би имале време кога партнерот би бил со вас.
Имајте доверба и трпение, и потрудете се да ги избегнувате љубоморните испади.
Не претерувајте со пораки и не избувнувајте само затоа што не ви се јавува на секој половина час. Почитувајте го неговото време и обврски.
