After Midnight

Зашто девиците им се привлечни на мажите?

Некои мажи секогаш бараат само девојки кои се уште немале сексуални односи, а тоа е воедно знак дека имаат проблеми со сопствената сексуална несигурност.

Мажите кои постојано ловат девици, иако кога би се земале во предвид нивните години тие би морале да станат посериозни и да побараат постојана партнерка, комотно можеме да ги наречеме деца или незрели суштества што е многу блиску до вистината. Тие своето его постојано го полнат, во кревет носат само девици за самопотврдување и постојано да ја подигнуваат својата самосвест, или како што пишува во Лексиконот што во 1985 година го издала Цанкариевата заложба:

“Станува збор за комплетна машка несигурност кои се надеваат дека девиците нема да ги забележат нивните сексуални недостатоци.“

Секако, во потполност се сложуваме со ова тврдење затоа што најверојатно станува збор за мажи кои се плашат од вистински и искусни жени. Можеби според мислењето на претходно споменатиот Лексикон, ги мачи прерана ејакулација што на девицата може да и го објасни дека така треба, затоа што кутрата нема поим дека мажот мора да издржи подолго од 1 минута.

Таквите мажи можеби се садисти

Како што знаете, при првиот секс девицата крвари, покрај ова пенетрацијата боли и пече затоа што пенисот и го пробил хименот. Токму ова е она што ги возбудува парентофилите (така се нарекуваат типовите кои сакаат да имаат секс само со девици), затоа што на тој начин можат да ги исполнат своите садистички нагони. Жената со која имаат прв сексуален однос најчесто доживува голема болка што на ваквите мажи им овозможува двојно задоволство. Меѓу другото тој можеби намерно бил непотребно груб и избрал положба најнепримерна за секс со девица, поради што младата девојка уште посилно ја боли, а тоа него уште повеќе му се допаѓа, а на крај и објаснува дека тоа морало така да биде и дека не е возможно да се избегне.

Манија на дефлорација

Желбата за секс со девица во ниеден случај не е ништо ново. На посебен начин ја запознале уште при крајот на 19.тиот век, затоа што во Англија тогаш се отворани посебни јавни куќи во кои за многу висока цена се нуделе само девици. Како што се говорат тогашните архивски записи, девиците имале секс за суво злато, а муштериите постојано се враќале. Колку помлада била девицата толку повеќе мажите уживале затоа што тоа им било доказ дека девојките се навистина девици, и дека не станува збор за никаков трик. Инаку девиците се ценеле уште во времето на старите римјани кои исто така весело ги раздевствувале.

Write A Comment