Без разлика дали сакате да го освоите слаткиот сосед кој не е рамнодушен на вашите погледи или пак сакате да ја разбиете монотонијата во врската со момчето се што ви треба е да смислите стратегија која ќе го натера да го изгуби умот по вас.
Еве кои насоки би ви биде добредојдени за таа цел!
Појадок и партија секс
Наместо на романтична вечера заминете на секси појадок за време на паузата од работа. Претходно напоменете му дека ќе го барате околу 9 часот и погрижете се тој да стигне навреме на договореното место.
Денот ќе добие понаков тек откако заедно ќе го започнете. И бидејќи знаете дека за само десет минути ве чекаат работните обврски, дозволете си адреналинска утринска доза, а каде на друго место ако не во тоалетот од локалот.
Одвлечкајте го партнерот и пружете му орално задоволство, а потоа вратете се на работното место како ништо да не се случило. Бидете провокативни и во обичен ден!
За крај, напишете му порака дека секс продолжението ќе следува вечерва. Тој ќе го изгуби умот по вас и со задоволство ќе ја чека вечерта за да ви возврати.
Вашето ново љубовно гнездо
Службеното патување на партнерот искористете го за да го промените амбиентот во вашата спална соба. Не станува збор за скапа или тешко изводлива инвестиција. Доволна е вашата креација за да спалната ја претворите во музеј на вашата љубов.
Поставете неколку ламби во боја, ставете дебел килим на подот за да можете и на него да имате секс, најдете ЦД-а со музика или романтични филмови кои ги обожавате и двајцата, а креветотот можете да го заградите со завеса и да наместите сатенски чаршафи.
Не заборавајте по ѕидовите да закачите рамки со фотографии кое ќе ве потсетуваат на заедничките убави моменти.
По неговото враќање поканете го на масажа со еротско масло од портокал во вашето ново љубовно гнезо и препуштете се на целоноќното водење љубов, се разбира доколку не е уморен од пат.
Планинска авантура
Организирајте викенд на планина само за вас двајца. Откако ќе го организирате сместувањето во планинската куќарка и ќе подготвите се што ви е потребно, соопшете му го тоа на увце веднаш штом ќе се врати од работа со напомена дека викендот се очекува да биде навистина жежок токму од вашиот секс, и покрај планинската клима.
Додека страста се распламтува слично на оганот во каминот, прочитајте ја искрата во неговите очи која пламти додека тој го губи умот по вас.
Малку труд и многу љубов е рецептот за оваа луда љубов, а вие ќе мора да признете дека вашата освојувачка мисија е повеќе од успешна!
