Ова не е листа на сексуални техники. Тајната за добриот секс помеѓу маж и жена не содржи совети и трикови за задоволство, заводливо соблекување или превземање на работите во ваша контрола. Овие три работи можеби ќе ве изненадат. Ова се барања кои многу мажи не ги кажуваат, а многу жени не ги овозможуваат. Колку и да ќе ви звучи тоа апсурдно.
Овие три едноставни однесувања можат да донесат огромна промена во вашата сексуална динамика и да отворат нова врата кон нов вид на интимност и задоволство.
Оставете ги светлата вклучени
Да знаеме, разоткривањето е страшно. Веројатно повеќе сакате да се криете во сенките, бидејќи можеби мислите дека не сте доволно убави или има нешто што не ви се допаѓа во врска со вашето тело, без разлика на тоа колку сте навистина привлечни. Но тој сака да ве види. Голи. Сосема голи! Тој сака да му се возхитува на секој центиметар од вашето тело и се што ве прави тоа што сте. Тој сака да го види вашето лице и вашиот поглед кога водите љубов. Колку повеќе се грижите за тоа како да ги скриете вашите несовршености или она што вие го сметате за маана, толку повеќе се оттргате од него и од искуството на целосна интимна поврзаност.
Секако, постои време кога сакаме светлата да бидат изгасени. Но не треба да го држите вашиот партнер секогаш кога водите љубов во темница. И кога тој ќе ви каже дека сте убави не одмавнувајте со главата. Насмевнете се… и верувајте му.
Дадете му искрени насоки и вокална повратна информација
Можеби сте загрижени да не мисли дека го критикувате, или пак дека ќе кажете нешто што ќе го расипе расположението. Но тој всушност ја сака вистината, дури и ако вистината е дека неговата „техника“ на водење љубов треба да се подобри. Тој сака да знае како да ве задолови. Со преправање дека сакате нешто што не сакате или со штитење на неговото его не си правите услуга ни себеси, не на нему. Затоа не го поштедувајте од вашите насоки. Тој можеби прави нешто што го сакате (или сте го сакале), но вие можеби едноставно не сте расположени за тоа овој пат. Или пак го прави токму тоа што треба. Ако не му кажете како ќе знае? Можете да кажете „Не, не така…“ или „Сакам да…“ или едноставно „Дааа!“
Се прашувате зошто однедадеш престанал да прави нешто кое навистина ве возбудувало? Големи се шансите дека не го прави тоа за да ве измачува. Мажите ги сфаќаат звуците како сигнали, а тишината или неподвижност можат да значат разочарување или досада, дури и кога вие навистина уживате но не го покажувате тоа. Давањето на насоки и повратни информации е еден од најдобрите подароци кои можете да му ги дадете на партнерот, бидејќи најдобриот начин да стане добар љубовник е преку вежбање и повторување.
Не се фокусирајте на неговиот оргазам
Многу жени мислат дека за да го задоволат својот партнер треба едноставно да го доведат до оргазам. Не е така. Двете работи кои можат веднаш да го задоволат партнерот ќе ги најдете во точките погоре: давањето шанса да ја цени и ужива во вашата убавина и помагањето да научи да ве задоволи. Уште една работа која мажите ја сакаат и предиграта и возбудата, не само затоа што се чин на интимност, туку затоа што го интензивираат евентуалниот оргазам. И тука не станува збор за нови техники за орално задоволство. Станува збор за соборување на митот дека мажите повеќе се грижат за дестинацијата, отколку за патувањето. Оргазмот е моментот во кој се доаѓа до својот крај. А голем дел од неговото задоволство доаѓа од можноста да ве направи среќни, бидејќи на тој начин ќе се почувствува талентиран, вешт, ценет и успешен.
Кога еден маж ве сака, сознанието дека знае како да ве задоволи му причинува огромно задоволство. Секако, од време на време сексот може да биде брз и валкан, или пак може да биде и само за негово задоволство. Но ве целост сексуалното задоволство подразбира да уживате во него со целата својата личност, а не само со еден дел од себе.