After Midnight

5 вежби за радикално интимен секс!

Ако сакате духовно да се поврзете со партнерот, зголемете ја интимноста во сексот и ќе добиете сексуално искуство со далеку поголемо значење.

Шшшшш, без зборови

Често кога зборуваме за интимноста мислиме на споделување на тајни. Има нешто исклучително интимно во вербализирањето на нашите внатрешни мисли и желби, особено кога станува збор за сексуалните. Сепак, колку и да е привлечна фантазијата тоа по дефиниција е начин за да се избега од реалноста. Ние имаме тенденција да се криеме зад зборовите, користејќи го разговорот за да ја избегнеме ранливоста. Им кажуваме на луѓето кои сме, наместо да им покажеме.

Вистинската интимност со партнерот се случува во оние тивки моменти на присуство и поврзаност меѓу зборови.

Вежба бр.1

Одредете време во кое ќе се сретнете во спалната соба без да изустите ниту збор. Поминете еден час заедно, без зборување, пред да започнете каква било физичка интимност. Појавете се чисти – физички и психички. Ова е можност за да соголите еден пред друг, како индивидуи и како двојка, оставајќи простор за длабока, невербална поврзаност.

Без оргазам

Емерсон рекол „Животот е патувањето, не дестинацијата“, мислејќи на тоа што кога се фокусираме на одредена цел често забораваме да ги цениме моменти кои ни се случуваат по патот до неа. Така е и со сексот. Некои истражувања покажале дека жените можат да имаат до 11 различни типови на оргазам. Момчињата пак од првиот пат кога ќе ја доживеат се фасцинирани со ејакулацијата (тоа им е во генот, тие се биолошки преокупирани со фактот дека опстојувањето на видот зависи од ејакулирањето). Општо погрешно толкување е дека дестинацијата на сексот е оргазмот, а верувајќи во тоа си ги ускратуваме потенцијалните можности за подлабоко задоволство и интимност.

Вежба бр.2

Договорете се однапред дека ќе заборавите на оргазмот. Целосно отстранете ја таа можност од равенката. Правејќи го ова си овозможувате простор да бидете присутни и да ги цените моментите кои ги поминувате заедно, без да ви биде одвлечено вниманието. Доведувајте се меѓусебно многу блиску до оргазам, и повлекувајте се. Забележете како моќната врска која ја создавате меѓу вас ве поврзува и ве доведува до екстратично задоволство.

Забавете

Живееме во живот со брз ритам, со премногу стимулации, со постојани апдејти на статусите со 140 карактери. Како култура вообичаено сме фокусирани на „правење“, а не на „битисување“. Поради тоа што жонглираме со толку многу обврски, сексот станува уште една од обврските на нашата “to do” листа.

Брзањето низ „правењето“ секс, го прескокнуваме „бивањето“ интимни.

Вежба бр.3

Создадете меур во времето и просторот. Направете се што е потребно да се изгубите во вашиот заеднички свет. Направете свесна одлука да не брзате. Движете се мнооогу полека, вкусете го секој момент на сензација и дозволете и на интимноста да се издигне.

Соблекувајте се меѓусебно 

Без разлика дали сте прв пат заедно, или имате секс заедно во изминативе триесет години, подарете му го вашето тело на партнерот како подарок. Тоа што некој одлучил да ви го даде своето тело е привилегија. Не дозволувајте скромноста или навиките да ве спречат во почитувањето на оваа дарежлива размена.

Вежба бр.4 

Можеби ќе ви биде најпријатно ако ова го правите со пригушено светло, или пак на светлина од свеќи. Соблекувајте се еден до друг така што наизменично ќе соблекувате со едно парче облека. Како што ќе го соблекувате секое парче, така нежно бакнувајте го тој дел од телото на партнерот во знак на благодарност.

Огледало на душата – гледајте се во очи 

Гледањето во очи е многу значајно за поврзувањето. Да, многу често ги затвараме очите кога имаме секс. Долгото гледање во очи ја открива нашата ранливост, но исто така може да биде моќен водич кон интимноста.

Вежба бр.5

Седнете на под свртени еден кон друг и гледајте се очи без да го свртите погледот колку подолго можете. Обидете се да го задржите контактот очи во очи и додека полека почнувате да водите љубов. Бидејќи е речиси невозможно да се доживее оргазам со отворени очи (нешто како со кивањето), гледајте го партнерот додека кулминира, исто и тој вас.

Гледањето во очите на партнерот во моментот кога го доживува сексуалниот врв може на некој начин да се нарече дефиниција на интимноста.

Напиши коментар