← НАЗАД НА БОЗА

Дали мажите може да живеат без жените?

Дали мажите може да живеат без жените?
444 Читања

Многу припадници на посилниот пол се противат на бракот и стабилните љубовни врски, не сфаќајќи зошто не можат цела вечност да бидат слободни момци. Но, верувале или не, за здравјето на секој маж клучна е неговата подобра половина. Заклучокот од најновите студии е дека тие му нанесуваат поголема штета на својот организам, за разлика од жените. Припадниците на посилниот пол на своето тело гледаат како на алатка. Посетуваат лекар само кога ќе почувствуваат дека нешто навистина не е во ред или кога веќе болката ќе стане неподнослива, додека жените се многу поразлични во врска со овие работи.

Сепак, дури ни посетите на лекарот не покажуваат прецизно колку луѓето се всушност здрави. Како што објаснува урологот Теодор Клоц од Берлинскиот Институт „Robert Koh“, постојат пет главни фактори кои се поврзуваат со отсуството на болести: стабилно животно партнерство, редовно вежбање, балансирана исхрана, одредена животна рутина и превентивна медицинска нега.

– Стабилното партнерство е многу важно. Мажите по својата 40-та година помалку се дружат, а сè повеќе се повлекуваат во својот дом. Затоа за нив е многу важно да бидат во стабилна врска. За разлика од нив, жените многу добро можат да живеат и сами. Кога е во врска, мажот повеќе внимава на исхраната и посветува поголемо внимание на вежбањето. Од таа причина стабилната и среќна врска е многу значајна, особено во постарата доба, тврди Клоц.

Според резултатите од истражувањето, мажот кој е во врска живее во просек две години подолго отколку оној кој живее сам.

– Жените обично ја преземаат улогата на личноста која се грижи за здравјето. Тие водат сметка за тоа кога е закажан следниот преглед или кога стигнал моментот да се напие некој лек. Ако мажот не се чувствува добро, жената ќе го советува да не оди на работа тој ден. Ако за тоа одлучува сосема сам, би бил склон да ги прецени сопствените можности, вели психологот Томас Алдегелд.

– Од сите наведени фактори, за мажите е многу важно неговата драга да му праќа сигнали за да има долг, среќен и здрав заеднички живот. Во многу случаи, само искажувањето на овие пораки, наместо приговарањето и карањето, доволно е да го мотивира мажот да се грижи за себе и да се обрати на лекар од превентивни причини, заклучува Клоц.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk