After Midnight

Фенг шуи за фантастичен секс

Фенг шуи не е само древна кинеска вештина која се однесува само на уредување на просторот. Всушност, доколку следите некои од нивните совети, ќе уживате во добар и романтичен секс.

Најпрво, организирајте ја спалната соба според правилата на фенг шуи. Исфрлете ги од неа сите спомени на поранешните љубови – фотографии, ситници, гардероби. Ништо не смее да ве потсетува на неуспешна врска.

Слаб проток на енергија не е дозволен во спалната соба. Затоа, прво треба да го средите целиот неред и да ги отстраните непотребните предмети во плакарите. На тој начин ќе ги разбудите страстите. Тие ви го одвлекуваат вниманието од љубовта (исфрлете ги сите предмети поврзани со работа, компјутер, радио, ДВД, лаптот, телевизор).

Вратата од собата не смее да шкрипи. Ако не е подмачкана, го блокира протокот на романтичната енеригја во вашиот живот. Проверете ја бравата и подмачкајте ја ако е премногу лабава, тоа може да значи дека тешко управувате со својот љубовен живот.

Прошетајте од влезната врата на станот до спалната соба. Идеално би било доколку на тој пат не наидете на било каква пречка, бидејќи тоа значи дека постои слободен проток на животна енергија во спалната соба.

Ако се заложувате за еднаквост, поставете го креветот така што двете страни ќе имаат доволно простор. Ако едната страна е потпрена на ѕидот, личноста која спие таму можеби ќе се чувствува заробено. Во идеален случај, креветот треба да се наоѓа спроти вратата, но не во директна линија со неа.

Внесете во собата се она што ве асоцира на романтика и поставете го на ѕидот спроти креветот, на кој природно ви паѓа погледот додека лежите. Поставете такви нешта и на површината која прво ја здогледувате кога влегувате во собата. Добро би било сите украси да бидат во пар.

Write A Comment