After Midnight

Го знаете ли неговото минато?

Во моментите на заљубеност голем број девојки ќе заклучат дека проблематичното минато на нивното момче нема да направи проблем во врската. Минатото е само минато зарем не? И ќе се венчаат со него. Потоа ќе откријат дека неговото минато станало сегашност. Но, непријатните работи од минатото не би требало туку така да ги отпишеме, како нешто кое со сигурност ќе остане во минатото.

Многу добар начина да предвидите како тој ќе се однесува е да погледнете како се однесувал во минатото. Ако е склон кон бурни врски и шарање на страна, би помислиле дека тоа е затоа што не ја пронашол вистинската – вас, секако и тоа ќе се промени затоа што веќе ја сретнал вистинската.

Добри се шансите дека тоа нема да се измени, дека ќе бидете уште една во низот со која имал бурна врска, која ја мамел, со која се разишол после жолчни расправии.

Можно е дека за време на страсната врска (некои велат дека трае 18 месеци) тој убаво ќе се однесува со вас, но потоа ќе се врати на вообичаеното однесување.

Секако, луѓето се менуваат. Стопроцентна сигурност нема ни за бојлер, а камоли за човек, но треба сериозно да се размисли во кои околности вашето момче лошо се однесувало.

Размислете за неговите лоши постапки и запрашајте се зошто така се однесувал. Ако некое време пиел затоа што имал такво друштво, а сега повеќе не се гледа со тие луѓе, можно е тоа да е само период кој е надминат.

Но, ако пиел затоа што бил под стрес, многу е веројатно дека ќе се повтори при следната стресна ситуација. Во тој случај добро би било да се размисли дали е тоа однесување кое вие би го толерирале или подобро е да побарате некој кој не се однесува така.

Напиши коментар