After Midnight

Големина на вагина: Нормална или не?

Како што постојат различни форми и големини на пениси, така постојат и различни големини и форми на вагини. Досега малкумина се позанимавале со големината на женската вагина, но професорката по реконструктивна хирургија при Универзитетот во Охајо, Брук Мекфејден ветува дека ќе го смени тоа. Таа открива интересни детали околу изгледот на вагината, како и околу димензиите на нејзините делови.

Мали усни – малите усни на вагината освен тоа што се разликуваат од жена до жена, најчесто се разликуваат и една од друга , па сосема е нормално доколку забележите дека едната ви е поголема од другата. Кај некои жени разликата помеѓу усните може да биде поголема од вообичаено и да предизвика болка при триење. Во вакви случаи се препорачува хируршка интервенција. Според пресметките просечната должина на десната усна е 4 см, додека на левата во просек изнесува 3, 8 см.

Големи усни – големите вагинални усни се сместени околу малите, а што се однесува до нивната должина просекот е 8 см. Како што старееме нивната големина како во должината, така и во дебелината се намалува.

Клиторис –овој дел од женската анатомија има широчина која варира од 0, 2 до 2, 5 см. Интересно е да се знае дека жените кои имаат поширок клиторис полесно доживуваат оргазам поради поголемата стимулација.

Напиши коментар