← НАЗАД НА БОЗА

И мажите сакаат со цело срце, ама не знаат да го покажат тоа

И мажите сакаат со цело срце, ама не знаат да го покажат тоа
1167 Читања

Он е маж, татко, војник, лидер, љубовник… На својот грб носи голем товар, прво и основно со тоа што од него се очекува да биде посилен. Тој треба да биде силен, одлучен, одговорен, неколеблив, да биде потпора, да има решение за секој проблем… Од него се очекува многу.

Токму тука го имате одговорот зошто мажот не може да си дозволи да ги искаже сите чувства кои “вријат” во него.

И тој би сакал да се расплаче на секоја ситница, да се жали со денови од својот пријател, да плаче ако шефот го погледне попреку… се она што жената го прави.

Но, сепак постои и фактот дека мажите и жените лачат сосема поинакви хормони, па согласно со тоа се однесуваат и многу поразлично.

Она што мажите ги прави “поинакви од жените во врската” е тоа што се тие многу поконкретни, не знаат да читаат меѓу редови. Тие она што сакаат да го кажат го кажуваат директно, не се оптеретуваат со ситници, но тоа не значи дека не знаат да сакаат. Љубовта е еднаква за сите, само секој од нас на поинаков начин ја искажува.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk