After Midnight

Имате еротски соништа? Еве што тие значат

Луѓето многу често сонуваат за секс и работи поврзани со сексот. Но преносното значење на овие соништа не е често објаснето во соновниците. Затоа ви го откриваме значењето на некои од вашите соништа.

  • Секс со непознато лице

Ако сонувате дека имате секс со непознато лице, тоа можеби е знак дека сакате возбуда во вашиот живот. Вашиот мозок најверојатно ви препорачува да се опуштите, да превземете ризик и да бидете спонтани. Ако се чувствувате непријатно во текот на овој сон, тоа може да биде знак дека се чувстувате загрозени од некого.

  • Секс на јавно место

Овој сон може да има двојно значење. Првото е дека ви е важно вашето семејство и пријателите да го одобрат вашиот избор на партнер, а според други толкувања, може да значи дека се восхитувате на некоја особина на вашиот партнер и би сакале и вие самите да бидете такви.

  • Тројка

Соништата во кои имате секс со повеќе од една личнос ја симболизираат вашата желба за поголема поддршка во животот, но исто така значи и намалена самодоверба. Ако сонувате доминантна жена, многу веројатно е дека ви недостига нешто во емоционалниот живот.

  • Сон во кој партнерот ве мами

Ако сонувате дека партнерот ве измамил, не плашете се –  овој сон ретко има значење дека тоа се случува и во реалниот живот. Овој сон значи дека имате страв од емоционално напуштање и од тоа дека вашиот партнер ќе се “олади” или ќе ја прекине врската.

  • Секс со позната личност

Секс со позната личност која ви се допаѓа значи дека во вашиот партнер барате идеал кој го гледате во таа личност. Покрај тоа, тоа може да значи и дека имате потсвесна желба луѓето повеќе да ве ценат и приметуваат.

 

Write A Comment