Желбата за секс не е повеќе иста како на почетокот. И ако треба да бидеме конкретни, таа намалува поради следниве неколку причини:
Недостаток на желба после освојување
Да, да. Во случаите кога целта на една врска била само “освојувањето” и ништо повеќе од тоа, тогаш е нормално после постигнувањето на целта не само желбата за секс, но и било какви контакти помеѓу партнерите да престанат да постојат. Му било интересно на човекот – дошол, видел и победил. За жал многу честа појава. И во никаков случај не се обвинувајте, дека не сте го прецениле правилно. Во крајна сметка не е крај на светот и не е крај на мажите. Примете го ова едноставно како задоволување на животинскиот нагон во вас, и завземете позиција на пантер што ја дебне својата следна жртва.
Недостаток на желба за секс кога врската ќе премине во рутина
Кога ќе дојде до ова, ништо повеќе не е како во почетокот, но нема ништо чудно во ова. Сексот сега представува нешто обично, лишен е од стимул и предизвик. И што треба да се направи? Обидете се да внесете нешто ново и разнообразно во сексот, експериментирајте, пробајте нешто необично и нетипично, што до сега не сте го направиле. Рутината е суров и брутален убиец на сексуалниот живот.
Недостаток на желба за секс поради здравствен проблем
Возможно е и ова, и во таков случај морате да побарате лекарска помош, колку побрзо, толку подобро.Проблемите било какви да се, се решаваат кога ќе се почне на време. Секое одлагање само го зголемува проблемот и го прави потежок за отстранување. Затоа што и да е тоа, не чекајте.
