After Midnight

Како да бидеш добра во кревет?

Многу жени мислат дека за да биде жената добра во кревет треба да владее со разни секс техники со кои може да ги полуди мажите. Всушност, работите не стојат баш така…

Секоја жена може да биде добра во кревет под услов да успее да ги надмине предрасудите и комплексите и да се занесе во страста. Сензуалноста е она што ја прави жената навистина добра во кревет, а не способноста да ги владее сите пози од Кама Сутра совршено.

Затоа, девојки, заборавете што сте виделе во порното, заборавете го и прашањето: “Добра ли сум во кревет?” И само релаксирајте се.

Знајте дека никогаш нема да имате целосна гаранција за успех. Особено кај дамите, емоционалната состојба е многу важна. Ако сте нервозни, загрижени или имате проблем со самодовербата, нештата тешко ќе се одвиваат. И тоа е нормално, и тоа не значи дека не ве бива.

Нема да бидете совршени во кревет дури ни ако имате прекрасни односи со својот партнер. Бидејќи дури ни тоа не е доволно.

Важни се моментот, ставот на двајцата партнери, посветеноста, сензуалноста и физичкото привлекување, се разбира. Но најважно е да се опуштите и да бидете она што сте.

Напиши коментар