← НАЗАД НА БОЗА

Како да го натерам да се вљуби во мене?

Како да го натерам да се вљуби во мене?
923 Читања

Тој е толку неверојатен и толку многу ви се допаѓа, но не ви посветува внимание. Како да го натерате да се вљуби? Жените се кралици во флертот така да едноставно само употребете некои од моќните женски итрини за заведување.

И кај луѓето и кај животните е исто – жената го избира партнерот. Така да ако сте во ситуација кога сте вљубена до уши, а тој не реагира, не очајувајте. Најверојатно тој само чека сигнал од вас, кој недвосмислено покажува дека сте отворени за нешто повеќе со него. Не заборавајте дека мажите можат да бидат многу нерешителни и дури само еден палав поглед од ваша страна може да разбуди храброст кај него. А ако погледите ви се сретнат, сигурно ќе откриете дали меѓу вас има хемија. Докажано е дека луѓето кои имаат симпатии еден кон друг се гледаат во очи во 75% од времето што го поминуваат заедно. Ако тој го задржи погледот врз вашиот, тоа значи дека сте ги поминале првите најтешки чекори кон целта, а имено да го натерате да се вљуби во вас.

Што следува? Случајни средби кои воопшто не се случајни, туку добро изрежирани од вас. На пример ако имате заеднички пријатели излегувајте почесто со нив и побарајте од нив да го канат и него, за да имате шанса повторно и „случајно“ да го видите пак.

Слични вакви небаре случајни контакти се многу поефикасни отколку дирекно споделување дека ви се допаѓа и дека сакате нешто повеќе. При првата варијанта му давате шанса постепено да се заинтересира и вистински да ве посака, додека при втората поверојатно е да го исплашите, што автоматски ќе го натера да бега од вас. Тој ќе се почувствува неудобно и тоа може да биде причина за да изгуби секаков интерес за вас.

А вашата цел е токму обратно, да го предизвикате неговиот интерес. Пуштете водичка и после тоа оставете го да чека. Тоа е машката природа, тоа го сакаат мажите. Покажете му дека ви се допаѓа, но не му се нудете на тацна, оставете го да ве освои за да се чувствува добро после успешниот лов.

Кога имате шанси да разговарате со него во четири очи, не ја губете граматиката. Покажете му дека под убавата насмевка има и нешто друго – интересна, остроумна и забавна жена. Бидете природни, без многу актерски игри и режирани сценарија.

И не на последно место, не дозволувајте вашите заводнички чекори да ве претстават како очаен човек или како давеник за сламка. Не молете, не изјавувајте дека го сакате, дека тој е единствен за вас, не му паѓајте на колена и толку ниско. Ова веќе не е секси, ова ги згрозува и одалечува мажите. Тие сакаат силни и независни жени, жени со интереси и исполнети, а не очајни и искомплексирани карактери чиј живот се врти само околу љубовта. И не бараат лесни жени за долга врска. така да ако му се понудите уште на почетокот, тој нормално ќе ја искористи ситуацијата, бидејќи таква е машката природа, а после немој да се чудите зошто не излегувате од зоната „пријателка за секс“. Тој едноставно не ве сваќа сериозно.

И за крај…ако и после 3-4 обиди да воспоставите контакт со него тој се дистанцира, време е да се откажете. Но немојте да си помислите дека не сте вредна доволно, дека не ве бидува, дека не сте привлечна и сл. Причината тој да не ви обрнува внимание можеби воопшто и да не е поврзана со вас. Зачувајте го своето достоинство и не трчајте по него повеќе.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk