After Midnight

Како да го вратите назад откако ќе го изгуби интересот за вас?

Повеќето мажи откако ќе ја освојат девојката што им се допаѓа потоа го губат интересот и изгледаат како да им е сеедно.

Најпогрешниот потег во ваква ситуација е да трчате по него и да се обидувате да му докажете дека вреди да биде со вас. Наместо тоа послужете се со добрата женска тактика и ставете му на знаење кој е кој.

Не го правете центар на светот додека не заслужи

Петок и сабота се резервирани за вас и за вашето дружење со пријателите. Затоа не си дозволувајте себе си да седите дома и да чекате телефонски повик од него, па ако не го добиете да ја пропуштите вечерта. Никогаш не се залетувајте од прва да му дадете приоритет пред да покаже дека навистина го заслужил.

Кажете му дека не е единствен

Притоа не правете го тоа како фалење или обид да го направите љубоморен, туку пристапете суптилно. На пример кога ќе ви каже дека му се допаѓа како изгледате, заблагодарете му се и без поголема помпезност нафрлете дека и колегите од работа ви го дале истиот комплимент.

Потсетете го дека вашето срце сè уште не е освоено

Во обичен разговор споменете му како вашата пријателка е повредена поради раскинувањето и како сте ја посоветувале дека момчето ќе и се врати. Секако тука кажете дека такво е вашето искуство со поранешните момчиња и смислено „боцнете“ го. Мажите не сакаат конкуренција, па кога ќе дознаат дека уште некој се врти околу девојката што им се допаѓа веднаш ја одбележуваат територијата.

Напиши коментар