Како се однесуваат хороскопските знаци кога изневеруваат? Или поточно, кои личности, родени под која ѕвезда или во кој знак се склони кон неверство? Кој знак е најстраствен, а кој е склон кон авантури?
Во продолжение, прочитајте го сето ова.
Овен
Овенот се обидува да се воздржи од неверство колку што можe повеќе, но за жал, на крајот секогаш попушта. Имено, во неверство се впушта тогаш кога во врската настапува монтонија. Слабоста кај него е тоа што кога се пали, брзо се разоткрива.
Има особено здрава и изразена сексуалност, нескротливи се и како такви треба да се прифатат.
Бик
Оние Бикови кои сакаат секс, стануваат зависни од него. Тие се страствени или пак, тотално незаинтересирани за страст. Заштитник им е Венера, па поради неа најпрво водат љубов, а дури потоа се впуштаат во страственост.
Поголемиот дел на Биковите започнуваат да изневеруваат кога потполно ќе им “пукне филмот”. Кога изневеруваат, тоа го прават професионално, но доколку ги споредите со другите знаци, Биковите се најверни и со нив сте најсигурни.
Близнаци
Малку луѓе умеат да изневеруваат како што успешно изневеруваат Близнаците. Тие строго внимавааат на секој направен потег, за да не бидат разоткриени. Лесно се впуштаат во неверство во кое ги вовлекуваат своите пријатели, кои ги прикриваат.
Ретко кој знак успева да ги издвои емоциите и страственоста како што тие знааат. Нема ни да забележете коста сте станале нивна жртва.
Рак
Спонзорушите најчесто се во знакот на Рак. Раковите најмногу сакаат пари, па партнерот може да биде сигурен во нивната верност, сé додека има пари. Се грижат само за себе, другите не ги интересираат, освен ако немаат деца. Единствено децата се важни во нивниот живот, а партнерот губи на вредност веднаш штом тие се родат.
Доколку некој им покаже паричник полн со пари, нема да се двоумат дали да се впуштат во неверство.
Лав
Како што веќе е познато, Лавот е огнен знак, што ја објаснува нивната сексуалност. Врската или бракот никогаш нема да ги смири, без оглед на љубовта. Повеќето ги привлекува опасноста која се врти околу неверството.
Многу Лавови не умеат да го контролираат адреналинот во своите вени, па едноставно се препуштаат на страста. Со лавиците, заборавете ја верноста.
Девица
Многу Девици изневеруваат кога не се задоволни од врската или бракот. Во спротивно, неверството не доаѓа во предвид. Верноста им е поважна од сé. Но, доколку Девицата изневерува, партнерот лесно ќе дознае затоа што неа повеќе не ја интересира неговото мислење. Кога изневерува, изневерува за да стави крај на врската, и ретко со една личност.
Вага
Вагата обожава флерт и флертува постојано. Секој партнер знае со кого си има работа, и каква е Вагата како личност. Од овој знак можете да очекувате сешто. Кога изневерува, ќе забележете по тоа што особено внимава на изгледот.
Неверството нема да го признае ни за жива глава, а ќе се правда со глупави изговори.
Шкорпија
Шкорпиите се обидуваат да се контролираат, но ако оној со кој сакаат да го изневерат партнерот е поупорен, тогаш нивната сила и моќ веднаш исчезнуваат.
Многу Шкорпии не поднесуваат неверство, па тешко ќе се носат со своето.
Стрелец
За Стрелците сексуалноста е рекреација. Ретко кој знак е таков. Кај нив не постојат ограничувања, а доколку им ги наметнете, станувате минато. Сакаат да пробат се што е забраенто, а поради неверството кон кое се склони, ретко остануваат во брак.
Доколку исчезне љубовта во врската, нема многу да се труди да ја врати.
Јарец
Единствен начин Јарците да започнат да изневеруваат е доколку имаат внесено премногу алкохол. На друг начин сигурно нема. Ако ги изневери партнерот, Јарците не размислуваат многу, веднаш ставаат крај, без разлика дали е брак или врска.
Доколку исчезне страста, тие и понатаму остануваат заедно. Јарците никако не ги прифаќаат авантурите и аферите. Тие се вечни следбеници на верноста.
Водолија
Оние кои ја сакаат нивната Водолија, никако не смеат да дозволат во нивната врска да навлезе монотонијата. Доколку се случи тоа, заборавете на нив. Водолиите го сакаат животот, а голема е веројатноста да го изневерат партнерот штом влезат во брак.
Тие имаат слободен дух, и секој околу себе го сметаат за пријател. За многу Водолии, авантурата е составен дел од животот, бидејќи животот е игра. Штом забележете дека Водолијата пред вас молчи, треба да сфатите дека врската повеќе не е интересна и да знаете што да очекувате.
Риби
Рибите обожаваат да изневеруваат во тајност. Се претставуваат како невини, а всушност се развратници. Малку се оние кои умеат да ги разберат. Тие ни сами не знаат што сакаат и што им треба.
Во неверство се впуштаат во постари години, а партнерот брзо им здосадува, па нема долго да чекаат за да освојат туѓа тертиторија.
