After Midnight

Како повторно да ја оживеете бајката во вашата врска?

Врската ви беше неверојатна и уникатна но наеднаш од таква розова бајка како сив облак да се спушти над вас, а вие секоја вечер заспивате со помислата „каде исчезна магијата“?

Заљубеност или љубов

Но не се нервирајте. Тука не е крај на врската. Не сте ни првата, а уште помалку последната двојка која постанала заробена во овој лавиринт. Силните емоции на почетокот од врската ве направија доволно блиски да се чувствувате пријатно и убаво заедно на било кое место, во било кое време. Но едно е заљубеноста, а сосема друго љубовта. Заљубеноста е хемија, момент, залет, додека пак љубовта е нешто сосема друго кое треба да се надградува и негува од ден во ден. Довербата, разбирањето и комуникацијата се камен темелник за една врска. Но сепак монотонијата и тоа како може да натежне на темелите.

Спремете се за акција

Размислувајте за местата каде што не сте биле заедно до сега, искусете нешто ново, запознајте нови луѓе, дружете се!

Заминете на утринско кафе, но овој пат не кај него дома или некаде во природа.  Дома сварете кафе, ставете го во термос, спакувајте некоја прекривка за седење заминете до најблискиот парк. Свежиот воздух позитивно ќе влијае на вашето здравје, а вие ќе уживате сами во природата.

Патувајте заедно со воз

Проверете го распоредот на железничката станица и резервирајте карти  до некој не многу далечна дестинација. Возењето со воз ќе му даде уникатен белег на ова патување а новите доживувања дополнително ќе ве зближат.

Уживајте во животот

Заминете до најблиската продавница и купете ги сите видови на пудинзи, бисквити и чоколади за готвење и експериментирајте во кујната. Направете ја најголемата торта по некој ваш измислен рецепт и славете го тој ден од годината.

На забавата и нема крај

И кога не е Нова Година – вие прославете, и кога не е 1-ви Мај – направете скара во природа со пријателите, и кога не ви годишнина од врската – подарете му нешто.

Write A Comment