Од 1930 година, Јапонците почнале да ја воочуваат поврзаноста на крвните групи со одреден тип на личност, а еден од пионерите на тоа проучување е научникот Фурукава Такеј. Во Јапонија речиси сите знаат која крвна група се, а некои компании одат толку далку што работниците ги распоредиле по позиции кои одговараат на нивната крвна група.
Во теоријата на поврзаноста помеѓу крвта и карактерот, Рх факторот не игра никаква улога, а постојат четири крвни групи: Нулта, А,Б и АБ.
Најдобри љубовни споеви
Жена со крвна група А и маж со крвна група Нулта имаат страствена врска, полна со сексуална тензија и желба. Обично се многу плодни, но нивниот однос е динамичен и полн со пресвтри, па затоа им е потребна голема толеранција. Многу компатибилна двојка се жените со крвна група Нулта и мажите со крвна група АБ – имаат добра комуникација, се сложуваат и романтични се. Во комбинацијата на жени со крвна група А и мажи со крвна група Б станува збор за спротивности кои се привлекуваат – а со многу љубов и труд имаат одличен брак.
Крвна група Нулта
Лужето со крвна група Нулта по правило се изразено друштвени и спонтани. Честопати иницираат нови работи и случувања, креативни се и популарни во друштво и имаат голема самодоверба. На жените од оваа крвна група им треба партнер кој ќе им пружи сигурност, а од мажот очекуваат многу нежност и комуникација. Сакаат да создадат семејство и се многу грижливи. Мажите со крвна група Нулта во љубовта се ловци кои сакаат предизвици и освојувања, а ги презираат пасивните жени. Тие сакаат парнерка која ќе ги поттикнува, ќе им се спротивставува и секогаш знае што сака.
Крвна група А
Луѓето со оваа крвна група на прв поглед се мирни и сталожени, но тие ги прикриваат своите мисли кои никогаш не згаснуваат. Тие се големи перфекционисти. Од сите групи се најмногу склони кон уметноста, емпатични се но и пречувствителни. Жените обично се многу интелигентни и сакаат „ред, работа и дисциплина“. Во љубовта честопати се премногу претпазливи и треба долго време да се освојуваат, а имаат бројни критериуми за партнер. Мажите од оваа група не се големи заводници, туку пристапуваат пријателски. Упорност, предаденост и емпатијата ги прави одличен „материјал“ за брак.
Крвна група Б
Ова се приземјени луѓе ориентирани на цели. Од сите групи, тие се најголеми индивидуалци. Тие се големи тактичари и ретко се случува да не знаат што сакаат или како да дојдат до тоа. Жените сакаат големо внимание и посветеност, но само од оној кој ги задоволил нивните критериуми. Познати се по приговорање на партнерот, но тоа не е злонамерно, туку сакаат да ги поттикнуваат да бидат подобри. Многу се еротични. Мажите од оваа група се големи заводници, а во животот најчесто само еднаш вистински се вљубуваат. Како партнери се добри, но умеат да се караат и се злопамтила.
Крвна група АБ
Луѓето со оваа крвна група се всушност карактерни комбинации од крвната група А и Б во која отсекогаш само една доминира. Обично тоа се спонтани, прилагодливи и како карактер не се „тешки“ луѓе. Жените од оваа крвна група не сакаат патетика и драма во љубовта, туку партнер со кој може искрено се да делат. Ниту мажите не се многу поразлични, тие сакаат вљубеност но свесни се дека таа е минлива, па затоа поважна им е интелигенцијата, ставовите. Сепак, сексот на мажите и жените од оваа група им е важен за долготраен однос.
