← НАЗАД НА БОЗА

Кој е идеалниот маж, а која е идеалната жена?

Кој е идеалниот маж, а која е идеалната жена?
528 Читања

Постојано се водат дебати за тоа кој е подобар: мажите или жените. Од една страна, Американците нè нападнаа со стотици книги и теории дека мажите се од Марс, а жените од Венера. Од друга страна, реалноста вели дека и мажите како и жените се од Земјата, па помирете се со тоа.

Единствениот проблем е во третманот којшто го добиваме додека сме деца. Додека момчињата потсвесно ги воспитуваме да покажат цврстина, моќ и агресивност, девојчињата се учат на слаткоречивост, нежност и наивност.

Дали сме во право или не, тешко дека некој може да докаже.

Денес сè повеќе сретнуваме феминизирани момци и мажествени девојки. Некои проблемот го бараат во хормоните, други во мас–медиумите, трети во психата.

Сепак, голем дел од вас ќе се согласат дека комбинацијата мажествен маж и женствена жена е најхармоничниот пар.

Од некоја трета страна, кој е пак идеалниот маж?

Тоа е оној кој е силен.

Cилата на мажот не е во тежината на предметите коишто може да ги крене, туку во тежината којашто може да ја разбере и надмине, силата на мажот не е во тоа колку добри другари има, туку во тоа колку добар другар е со своите деца, силата на мажот не е во јачината на неговиот глас, туку во нежните зборови кои ви ги шепоти, силата на мажот не е во тоа колку силно удира, туку во тоа колку нежно допира…

И силата на мажот не е во мускулатурата на неговите гради туку во срцето кое чука само за една жена во неговите гради!

Која е пак идеалната жена?

Онаа која е силна.

Таа знае да се избори и да ги контролира своите емоции, таа може да премести тежок предмет без машка помош, може сама да отвори конзерва, таа е со партнерот по свој избор, а не поради стравот дека ќе биде сама.

Таа е агресивна кога треба, питома кога е во негови раце, дива во кревет.

Силната жена е пожртвувана мајка и секси сопруга.

Што би рекле, вистинската жена за секој маж е дама пред пријателите и колегите, домаќинка во кујната и нимфоманка во доцните ноќни часови.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk