Институтот Кинсеј направи истражување за тоа колку често луѓето во брак имаат секс. Според резултатите, скоро половина од анкетираните брачни парови секс имаат неколку пати во месецот, додека скоро 10 проценти само еднаш месечно.
„На мажените жени кои имаат секс еднаш неделно или два пати месечно тоа им е најнормално бидејќи стресот, уморот, многубројните обврски и самиот начин на живот ја попречуваат страста во бракот. Самобендисаноста и сфаќањето на партнерот здраво за готово често се многу несвесно застапени во бракот па затоа неретко многу работи стануваат предвидливи, па дури и досадни. Понекогаш изгледа возбудата, предизвикот и мистеријата како да исчезнуваат по венчавката“, вели психологот Ивон Томас за Huffington Post.
И додека некои парови навеле дека имаа секс на секои две недели, други навеле дека имаат сексуални односи еднаш на два месеци или повеќе месеци.
