After Midnight

Лесни и наивни за секс, а интелигентни и шармантни за врска

Во потрага по сексуален партнер мажите не паѓаат на шарм и интелигенција, туку попрво би ја одбрале онаа која им изгледа помалку интелигентно и која е подготвена за секс за една ноќ – утврдило едно истражување на универзитетот Тексас.

Тоа потврдило дека мозокот на модерната жена е чувствителен на можните последици од сексот без обврски, пред сè за бременоста, додека мажите чии тестиси произведуваат 170 милиони сперматозоиди дневно имаат многу поопуштен став во врска со сексот.

Според еволуциската психологија, мажите најпрвин ќе бидат привлечени од жени кои изгледаат сексуално „искористливи“. Ова го докажале научниците кои на волонтери им дале фотографии на жени во различни позиции, облека и со различно држење на телото. Оние кои биле означени како „ранливи“, односно кои на фотографијата изгледале исцрпено, пијано, инертно или едноставно помалку интелигентно, на сексуално ниво им биле попривлечни на мажите.

Жените кои на фотографиите изгледале позаводливо, преку тоа што си ги оближувале усните, гледале преку раното, ги допирале градите или биле облечени провокативно биле оценети како најпожелни за секс. Но, штом волонтерите требало да одредат која до девојките потенцијално би можела да биде нивна девојка или жена, сосема заборавиле на оние кои претходно ги оцениле како сексуално најпривлечни.

„За животен партнер мажите дефинитивно сакаат интелигентна, чувствителна и рационална жена, а не ’празна‘ убавица“ – заклучила водителката на истражувањето, Кери Гец.

Значи девојки, со провокативна облека, длабоко деколте и лигаво однесување нема шанси да најдете дечко. Може само да добиете маж кој сака само секс, па затоа размислете добро како ќе излезете следниот пат.

Напиши коментар