After Midnight

Љубовни тактики на тазе врска

Се служат со разни тактики за да го проценат противникот, а всушност на извесен начин манипулираат со својот избраник и ризикуваат да го упропастат односот.

Еден од партнерите редовно се обидува да го „испита“ теренот, не се јавува, предизвикува љубомора, или ги заладува односите, а со тоа всушност само прави штета на врската.

Ненадејно заладување

Изгледате и имате навики како совршен пар, често се гледате и слушате. Разговарате отворено за сè, се смеете. Одеднаш сè престанува, ви се чини дека целата „работа“ во врската е на ваш грб, дека само вие се трудите. За оној што ги прекинува јавувањата и средбите, заинтересираноста на другиот преставува вистински доказ на наклоност.

Случајна средба

Додека се шетате, одеднаш во пресрет ви доаѓаат негови блиски пријатели или членови на семејството. Тој го „скенира“ вашето однесување. Нему вашето однесување му открива дали сте подготвени за обврска, врска со него, дали ви е непријатно.

Предизвикување на љубомора

Ако одите на забава каде што ќе има подолг список на поранешни партнери, а при тоа вашето момче/девојка помине повеќе време со некој од нив отколку со вас, најверојатно ги тестира вашите граници на љубомора. Наместо демонстративно да си заминете, дајте му до знаење со смирен тон дека таквите игри не ве интересираат.

Напиши коментар