Што е лош секс? Ако на крајот на односот сме задоволни од сексот веројатно и не бил толку лош, но за него не може да се зборува толку едноставно. Ако сексот не е насилен и партнерот не е одвратен – повеќето ќе кажат дека бил ‘добар’.
Жалбите за лош секс најчесто се слушаат од партнерите кои се долго во врска. Жените зборуваат дека мажите ги брзаат работите, не им обрнуваат доволно внимание со желба да ги задоволат ни физички ни психички.
Мажите пак, од друга страна, се незадоволни бидејќи партнерките немаат доволно ентузијазам и дека се често отсутни. Сите парови воглавно имаат слични проблеми кога станува збор за секс.
Меѓутоа можеби поголемиот дел од вината го носат токму мажите, бидејќи кога тие би обрнале внимание на жалбите на своите партнерки и би ги поправиле работите тогаш и девојките би имале повеќе ентузијазам.
Со оглед на тоа дека сексот е толку индивидуална работа, не можеме да дадеме јасна дефиниција за лош однос. Можеби за почеток, лош сексуален однос е оној во кој по односот еден од партнерите се чувствува лошо. А, таквиот секс тогаш не може да биде добар ниту за другото лице.
Значи, можеме да заклучиме дека лошиот секс е чин во кој по односот имате чувство на пораз и тага, а не на среќа и задоволство.
