After Midnight

Мажите се неверни и тогаш кога се вљубени!

Многу жени брзоплето и сосема оправдано би заклучиле дека мажите што изневеруваат не ги почитуваат и сакаат доволно. Меѓутоа, изгледа дека станува збор за сосема спротивна појава.

Д-р Андерсон, професор по социологија на универзитетот во Винчестер и неговите колеги спровеле експеримент со чија помош откриле дека оние што изневеруваат најчесто тоа го прават затоа што сексот со постојаната партнерка им здосадил, а не затоа што не ја сакаат.

Тој тврди дека моногамијата е нереално очекување, ако имаме во предвид дека мажите сакаат да изневеруваат, но не ја оставаат жената или партнерката и тоа само затоа што немаат храброст.

Доказите велат дека мажите кои изневеруваат се емотивно исполнети од својата врска, но се незадоволни од сексот со една особа.

Не станува збор дека не ги сакаат своите жени, меѓутоа немаат емоционална интелигенција и немаат храброст отворено да зборуваат со неа за сексуалниот живот и дека им треба нешто повеќе од она што го имаат.

Што ако забележите дека вашиот партнер се одалечил од вас и се сомневате дека ве изневерува? Мислите дека можеби не е задоволен од вашиот физички изглед? Секое тело личи едно на друго. Она што е потребно  е жената да го научи своето „старо“ тело на нови техники и трикови.

Напиши коментар