After Midnight

Некои работи не можете да ги промените: Како размислуваат мажите, а како жените

Најголеми проблеми во врските се јавуваат поради недоразбирања кои се условени со природни разлики  во начинот на размилување на мажите и жените.

Научете некои од основните разлики во начинот на размилување на мажите и жените за да избегнете непотребни конфликти околу работите кои вашиот партнер или партнерка ги зборува или парктикува, а кои тешко ќе можете да ги промените.

Справување со емоции

Жените често зборуваат без да размислат претходно, додека мажите често реагираат пред да размислат.

Незадоволство

Ако жените се несреќни во врската, тие не можат да се концентрираат на работа. За мажите важи спротивното: ако тие се несреќни на работа, не можат да се концентрираат на врската.

Говор

Жените се склони да ги “смотаат” работите кога збоуваат, а мажите се директни.

Решавање на проблеми

Ако мажот има многу проблеми неговиот мозок се обидува да ги распореди и да најде решение за да ги елиминира еден по еден.

Ако жената има многу проблеми, таа само сака некој да ја сослуша и после тоа не се оптеретува многу со тоа дали проблемите се решени или не.

Лажење

Кога мажот ја лаже жената во лице, таа лесно може да “провали”, затоа што женскиот мозок природно на зборовите обрнува внимание само 10%. Предност дава на говорот на телото – 20% и изразите на лицето – 70%.

Машкиот мозок тоа не го практикува, па затоа жените полесно можат да ги излажат мажите.

Write A Comment