Оргазмот во текот на сексот не е крај на уживањето. Врелата атмосфера може да ја одржите и после доживениот врв на задоволството. Додека после оргазамот си лежите милувајте го вашиот партнер со ножните прсти по грбот. Вашите движења нека бидат спори и нежни бидејќи осетливоста на вашето тело е зголемена.
Освен грбот ерогени зони се и пределот на очите, рачниот зглоб како и вратот. Освен што ќе се мазите со вашиот партнер, можете на тие места да го грицкате и љубите.
Атмосферата е многу важна. Намалете го светлото или запалете миризливи свеќи.
Пуштете музика која и двајцата ја сакате. За време на топлите летни вечери можете да ги отворите сите прозори и да дозволите лаганата промаја да ве натера повторно да се загреете. Ако немате доволно време за да се излежувате одите заедно под туш.
Заедничкото туширање може да ве врати подоцна во кревет. Исто така и додатоците може да ви бидат поттик за влетување во нова љубовна игра.
Коцки на чоколадо, јагода и чаша шампањ, или заеднички труд за да се изеде сладолед на стапче сигурно ќе ви предизвика уште еден оргазам.
