Женската желба за секс зависи од повеќе внатрешни и надворешни фактори, но најново истражување покажа дека постои врска помеѓу желбата за секс и денови во неделата, како и месецот.
Ако сте мислеле дека жените се разположени за секс најмногу за време на викенд, не сте во прави. Станува збор за специфини денови во месецот. Имено, либидото кај жените е најсилно пред и за време на плодните денови, и веднаш по завршување на „оние денови“ во месецот.
Беше спроведено истражување, за тоа во кои денови во неделата жените сакаат да имаат секс и истото покажа дека слободните жени ги одбрале понеделник и среда, а оние во посериозна врска петок и сабота.