After Midnight

Ови три хороскопски знаци нека се подготват за БУРА!

Иако помисливте дека се извлековте неповредени, блиски средби со минатото ќе ве демантираат до крајот на годината.

“Старата љубов заборав нема”, па на некој начин ќе ви се врати во животот. Тоа ќе ве измести, а потоа ќе имате само два избори: да влезете во брак или потполно да заборавите еден на друг. Само три хороскопски знаци до крајот на оваа година ќе имаат конфузни љубовни ситуации

Овен
Минатот се подготвува да ве посети. Во овој случај тешко дека ќе важи онаа реченица; минато те молам прости ми“, бидејќи тоа досега и врапчињата го научија: кармата секогаш доаѓа по своето! Некоја поранешна љубов може да воспостави контакт со вас така што ќе ви се јави „само како пријател да видам како си, што правиш“…и игранката може да почне… Во номеври е можно помирување и влез во сериозно партнерство и брак. Па нека е со среќа и време беше да се смирите!

Близнаци
И близнаците ќе го вкусат својот дел од колачот што судбината и крамата го подготвиле. Припадниците на овој знак прилично се провлекоа низ земјотресните настани, но изгледа нема да можете да побегнете од духовите на минатото. Оние кои се осамени подолго време сега успеваат да остварат силно и стабилно партенрство, а оние кои се веќе во емотивни односи ќе имаат преиспитување на цврстината на своите врски. Нешто ќе ве натера повторно да контактирате со некој што не сте го чуле одамна, а за кого сеуште ве врзува нешто длабоко одвнатре.

Рак
И на раковите не им е се мед и млеко. Ситуацијата изгледа вака: вашето поле на домот и сериозните партенрства и брак секако е под голем притисок…додуша и полето на кариерата. Проблемите на емотивно поле ќе успеете да ги решите со мир, трпение, истрајност и одлучност..
И вам ви следи борба со духовите од минатотоi. Баш не можете да одолеете да одговорите на повикот на „оној некој“ кој ви го зашил срцето…ќе истрчате по уште една доза, па нека се носи животот…
За оние ракови на кои љубовта им се лизгаше низ раце цела година, поправниот испит ќе биде во декември, па зграбете ја својата прилика.

Напиши коментар