За некои луѓе велат дека се дел од нашиот живот не за да останат, туку за да остават по некој спомен или лекција од која може многу да се научи. Истото важи и за љубовните врски, некои луѓе ќе станат дел од нашиот живот, додека некои ќе бидат само добар или лош спомен.
Но, според мислењето на повеќето експерти, од некои љубовни врски можат да се научат одлични животни лекции. Овој пат, станува збор за тоа што можат да научат мажите за жените и за врските.
Со кои пет типови на жени треба секој маж да си има работа барем еднаш во животот?
1. Алфа жена
Таа е самоуверена жена која ја има целосната контрола во својот живот и ако и дозволите, може да го контролира и вашиот. Љубовната врска со овој тип на карактер не е лесна, но е добра за тренирање на карактерот. Таа ќе ве научи како да станете повеќе самоуверен и како да се борите за своите ставови.
Таа точно знае што сака и како да го добие тоа, тешко ги прифаќа туѓите мислења, а ако и дозволите може целосно да ве промени во верзија каква што на неа и одговара.
2. Потчинета жена
Овој тип на жена ќе ви даде можности да ја лажете, изневерувате и да ја повредите, а таа нема ништо да стори освен да плаче пред пријателките и повторно да ви се врати. Ќе ви даде можност да бидете лоша личност и од вас ќе зависи што ќе одберете. Најголемата лекција што ќе ја научите од неа е како треба правилно да се однесувате кон вашата партнерка. Со жена која е поврзана со традиционалните елементи на однесување ќе научите како треба да се грижите кон партнерката кога таа нема одбранбен став односно никаква форма на одбрана.
3. Независна жена
Таа може да направи сè сама, без притоа да направи некоја поголема „драма“, односно да се пожали дека ви ништо не и помагате. Најголемата лекција што може да ја научите од неа е да бидете широкогради, односно колку сте волни да бидете со личност која ви покажува дека не сте ѝ потребна во животот?
4. „Драмаџика“
Во секоја жена се крие „драмаџика“, но овој тип на жени живеат за да привлечат внимание и тоа на непријатен начин. Од нив може многу да научите за трпението, односно како да раскинете на понежен и на крајно пријателски начин (за да не ви направи драма).
5. Жешка во кревет
Не требаат многу зборови за да се опише овој тип на жени. Освен што се згодни и привлечни, овие жени знаат точно што сакаат кога станува збор за сексот и не се плашат тоа го покажат. Најважно што можете да научите од нив е дека постојат и други убави работи во врската, покрај сексот.
Можеби нема да завршите со некоја од овие типови на жени, но сигурно ќе научите одредена лекција од нив која ќе ви помогне подобро да ја третирате онаа која ќе биде со вас и како да ја унапредите љубовната врска на повисоко ниво.
