Кога првиот секс ќе остане запамтен, тоа е навистина нешто посебно. Некои можеби ќе речат дека им е сеедно, но има и такви кои тој момент не сакаат така лесно да го заборават.
Ако сте од оние кои сеуште не ја изгубиле невиноста, а сакате да го памтите првиот пат, тогаш следните совети се токму за вас!
- Ако се соменвате во партнерот и во тоа дали тој ќе ги почитува вашите желби, тогаш не би требало да имате секс со него.
- Кога еднаш ќе ја изгубите невиноста, нема враќање и затоа морате да бидете сигурни дека во тоа се впуштате со оправдани причини. Емоционалните уцени, како што се „да ме сакаше навистина ќе имавме секс“ или пак „сите имаат секс, ајде и ние“ не се баш мотивирачки.
- Истражувањата на тинејџери (машки) помеѓу 14 и 16 години покажале дека за полесно да однесат некоја девојка во кревет, претходно користат алкохол, т.е. ја опијануваат девојката.
- Затоа не е никакво изненадување дека дупло повеќе женски жалат поради првиотсексуален однос отколку машки. А да не говориме за тоа колку се врши притисок врз девојките ако не сакаат секс.
- Центарот за истражување на сексуалното здравје во Саутемптон направил анкета на повеќе од 1300 тинејџери помеѓу 16 и 18 години. Само 37% од нив користат презервативи.
- Ако не ви е згодно да разговарате со партнерот за користење на презервативи, тогаш не би требало и секс да имате.
- Иако не е совршен, кондомот е најефикасно сретство за спречување на половите болести, инфекции и несакана бременост.
- Контрацепциските таблети мораат да се земаат барем 1 месец како би дејствувале.
- Пред првиот секс би требало да знаете што да очекувате. Но не очекувајте премногу затоа што првиот секс може да не биде тоа што треба со обзир на недостатокот на искуство.
