After Midnight

Предигра која и “тој” ќе ја обожава

За поголемиот број на жени , без предигра нема добар секс. Иако тоа многу добро мажите го знаат , сите се трудат да ја забрзаат предиграта или потполно да ја заобиколат. Но, доколку тоа ви смета потрудете се за вашиот сакан да стане неизбежна. Ви откриваме неколку трикови со кои ќе го изненадите и ќе го натерате да ја засака…

Лента: Со помош на лента, во вашиот сексуален живот ќе внесете свежина и возбуда. Било да му ги врзете рацете  или пак да ја искористите поинаку , ваквата врста на игра сигурно може да го ослободи. Кога го блокирате едното сетило, ќе се појача друго, ова е правилото за ваквата игра. Менувајте ги улогите…

Храна: Некои намирници можат да ви послужат за подгрејување на страстите во креветот. Чоколадата, бананата, јагодите и шлагот, нека ви послужат така што ќе го храните вашиот сакан, а нешто секако сервирајте му на голо тело. Нема да ви одолее.

Приказна за добра ноќ: Зачинете ја вообичаената ноќ пред телевизорот, така што ќе го прескокнете гледањето на вообичаените серии и ќе прочитате некој секси роман. Тој ќе ве подготви двајцата за акција и нови врели искуства.

Експериментирајте:  Доколку никогаш не сте се осмелиле да испробате нешто ново и не сте се одделиле од рутината, крајно време е тоа да го направите. Женските списанија и интернет порталите изобилуваат со жешки совети, но ние ви препорачуваме да побарате и видео упатства….

Write A Comment