← НАЗАД НА БОЗА

Работи кои не смеете да ги правите за време на секс

Работи кои не смеете да ги правите за време на секс
490 Читања

Постојат неколку работи кои никогаш не смеете да ги направите додека сте во кревет со вашиот партнер. Еве една листа од такви работи, па потрудете се колку можете поретко да ги правите за да го зачувате убавиот однос со партнерот.

Не плачете за време на секс

Без разлика колку емотивен бил сексот, вие не смеете да си дозволите да плачете. Ќе се чувствувате чудно. Поготово тој, ќе мисли дека прави нешто лошо што вас ве повредува.

Не спомнувајте бебиња

Репликите како “леле колку убави бебиња би имале ние” или “стврано сакам да имам деца со тебе” се строго забранети. Тоа се работи кои треба заедно да ги почувствувате и да имате заедничка желба. Доколку оваа желба е само ваша, тоа може да го исплаши партнерот.

Не покажувајте негативни емоции доколку партнерот не може да постигне ерекција

Ако покажете негативна емоција и почнете со типични женски прашања како „Зарем јас не те возбудувам” или „Незнам што си правел за да неможеш сега да доживееш ерекција”, ќе се соочите со уште поголем проблем, а тоа е да немате секс цела ноќ. Тоа ќе му создаде притисок на партнерот. Многу е нормално кај машките некогаш да не можат да постигнат ерекција. Затоа останете смирени и пробајте ги сите работи кои знаете дека го возбудуваат.

Не глумете дека сте заинтересирани или дека доживувате оргазам

Доколку ве примети партнерот дека вие глумите, тоа ќе ги повреди неговите чувства и можно е веќе никогаш да не сака да има секс со вас.

Не покажувајте дека сте уморни

Никогаш немојте за време на секс да покажете дека сте уморни. Уживајте додека трае, направете партнерот да доживее оргазам што побрзо, па така ќе можете и вие да си легнете побрзо. Ако покажете дека ви се спие, тоа ќе ја уништи хемијата во спалната.

Не зборувајте премногу

Секако дека некогаш е потребен “Dirty talk” за да ја разгорите ситуацијата во спалната уште повеќе. Но никако немојте да започнувате рандом разговор. Зачувајте го сето она што имате да му го кажете на партнерот за после.

Не молчете

Немојте да молчите додека имате секс. Ако ви е непријатно да зборите сексуални работи, тогаш барем испуштајте воздишки. Ако не испуштате никаков звук партнерот ќе мисли дека не ве задоволува. Затоа опуштете се и стенкајте колку што сакате.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk