After Midnight

Се сомневате дека ве изневерува? Еве како да откриете!

Имате чувство дека вашиот партнер ве изневерува? Претпоставуваме дека нема да одговори искрено на прашањето дали ве изневерува, затоа ви ги пренесуваме препораките на Џек Тримарко, поранешен агент на FBI, и на Лилиан Глас, експерт за говор на телото, за тоа како да препознаете лажго.

Ова се алармантните знаци:

1. Одеднаш се однесува поинаку

Тримарко вели дека треба да ги гледате физичките знаци. Ако, на пример, го прашате каде бил во петокот вечерта, а тој почне да го чепка својот нос, да диши длабоко – нешто не е како што треба.

2. Гледа во под

Кога луѓето лажат, најчесто гледаат во под, вели Тримарко. Ако мажот нешто крие, ќе почне да гледа во под без да трепне.

3. Контра прашања

Нападот е најдобра одбрана. Тактиката која неверниот маж радо ќе ја употреби. На прашањето ќе одговори со прашање, како би добил време да смисли што подобра лага.

4. Товарот ќе падне на вас

Кога луѓето се виновни, се обидуваат со обвинувања товарот да го фрлат на вас – вели Тримарко.

5. Ја менува приказната

Вистината лесно ќе ја запамти бидејќи е вистина. Лагите се менуваат. Ако ја менува приказната, нешто не е во ред.

6. Се колне на се`

Невина личност никогаш нема да го направи тоа.

Напиши коментар