← НАЗАД НА БОЗА

Секој човек си има своја патека

Секој човек си има своја патека
791 Читања

Патеките те водат кај ќе им текне. Секој човек си има своја патека. Која е твојата патека?

Уште ја бараш. Сите патеки те довикуваат, сите те мамат некаде, сите ти ветуваат нешто. Посакуваш алчно сите да се твои. Но тоа е невозможно. Сите – тоа значи ниту една. Најпосле треба да ризикуваш и да тргнеш по една единствена. Да ја наречеш своја. И да ја изврвиш до крај. Тоа е патување кон себе си.

Пред да почнеш да чекориш по својот пат, треба да си кажеш:

–        Не сум дојден на овој свет, за да бидам победуван. Загубата не е моја карактеристика. Не сум овца која чека да биде водена од овчарот. Јас сум лав и одбивам да зборувам, да одам и да спијам со овците. Не сакам да ги слушам оние кои кукаат и се жалат, зошто нивната болест е заразна.

Нека одат кај овците. Кланицата на поразот не е мојата Судбина…Секогаш ќе го правам следниот чекор. Ако тоа не помогне, ќе направам уште еден и уште еден…се додека не стигнам до мојата цел.

Трага се остава само кога чекориш по неразгазениот предел…

Самото скривнување од патеката е веќе карактер…

Едно промаршување на патеката е почеток на нова…

Еден од големите квалитети на разумниот човек е тоа што тој нема страв. Тој не мисли што ќе се случи со него и што ќе кажат луѓето за него. Страдањето не е казна. При секое тагување се раѓа нешто ново, големо во човечката душа. Големите идеи се раѓаат после голема тага.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk