After Midnight

Секс во тројка: Деталите за кои никој не зборува

Луѓето што имале секс во тројка сакаат да се фалат со тоа повеќе од со било кое друго сексуално искуство. Истовремено, сексот со повеќе од еден партнер е едно од најголемите секс табуа за кои многу ретко се зборува.

Поради тоа, блогерката на британскиот Metro, се впуштила во секс во тројка, и на едно место ги собрала впечатоците и работите за кои никој не сака да зборува.

Нема допирни точки со порно филмовите

Некои делови од телото произведуваат смешни звуци, се удираат меѓусебно, многу се потат и потребно е многу местење за идеалната позиција. Тоа е многу понагласено отколку во обичниот секс, па ова искуство не е идеално за домашно видео.

Може да биде збунувачки

Која позиција да се фати, и што точно да се случува следно? Како да се координира односот? Кога се во прашање толку тела, мора добро да се организираат работите за да биде удобно за тројцата.

Смеењето не е срамно

Смеењето е едноставен начин да се ослободите од непријатноста, и да се опуштите во моментите кога вашата фантазија не се одвива според планираното. Немојте да дозволите „срамните“ моменти да ја уништат самодовербата.

Не се работи за ситуација во која двајца други ќе ве обожаваат и задоволуваат

Романсата и приврзаноста во ваквите ситуации постои само во филмовите. Во реалноста тоа е само едноставно интензивно искуство. Не е за оние со осетливо срце.

Внимавајте на привлечноста

Ако двајца луѓе не чувствуваат привлечност еден кон друг, сексот во тројка може да стане комплициран. Тоа значи дека на една личност ќе падне одговорноста да ги задоволи другите двајца учесници, а тоа може да биде исцрпувачки.

Останете отворени за разни комбинации

Мора да бидете подготвени дека ќе ви се случи нешто за прв пат. Ако веќе сте се одлучиле на секс во тројка, не смеете да се плашите да пробате и нешто ново.

Обидете се да не запоставите некого

Дури и ако една личност ви е попривлечна од другата, обидете се да не претерате во фаворизирањето бидејќи се ќе се расипе ако некој остане запоставен. Секогаш сите треба да бидат вклучени во случувањата, макар и минимално.

Бидете подготвени за орален секс

Каква и да е комбинацијата, во текот на сексот во тројка, оралниот секс е речиси неизбежен.

Подгответе се повеќе потење од вообичаено

Со оглед на тоа дека се три тела во игра, температурата ќе биде повисока и веројатно ќе има повеќе потење.

Најдобриот пријател/пријателка и партнерот/партнерката не се добра комбинација за тројка

Ако сте во тројка со партнерот/партнерката и најдобриот пријател/пријателка, веројатно никогаш повеќе пријателството нема да ви биде исто. Подобро е да го направите тоа со некој што поретко го гледате или не ви е многу близок.

Договорете се што смее, а што не смее да се прави

Пред да се впуштите во тројка, најдобро е да договорите што смее, а што не смее да се прави. Подобро е тие работи да ги решите уште на почетокот, а не во текот на сексот.

Одлучете се колкава ќе ви биде дискрецијата

Ако не сакате се да се дознае, внимавајте со кого се впуштате во однос и расчистете што смее и дали нешто воопшто смее да се каже. Ставете јасно на знаење, ако сакате тоа што се случувало во спалната соба да остане само меѓу тие четири ѕида.

Користете протекција

Ова е една од оние работи што се подразбираат, но сепак е добро да се спомне. Користете заштита и менувајте ги кондомите пред менувањето на партнерот, дури и ако сексот е со луѓе што добро ги познавате.

Write A Comment