← НАЗАД НА БОЗА

Што издава бакнежот ?

Што издава бакнежот ?
521 Читања

Бакнежот е најважниот допир, а првиот бакнеж може да ни раскаже многу интересни нешта за карактерот на партнерот и што може да очекувате од него во врската.

Брзо бакнување

Напрегнат, интензивен и нервозен бакнеж. Усните и јазикот му се понапрегнати него што е потребно. Овој партер сака да гризе а активноста му има хистеричен вкус. Но во минути на страст таков бакнеж може да биде доста возбудлив.

Вистината за него. Таквиот маж смета дека тој е оној што треба да ја забавува дамата. А таа треба да го насочува. Колку и уверен да изгледа, правилата во животот му ги диктираат жените. Бидете внимателни, страста на овој тип маж е краткотрајна. Запомнете го ова кога ќе зборува за вечна љубов, вистинските чуства ќе ги дознаете со тек на време.  Ако овој тип попадне на правата жена, уравновесена, самоуверена, спремна нежно и ненаметливо да доминира со ситуацијата, тогаш за него таа е идеална партнерка. Ако дамата е агресивна подобро да стои по далеку од овој тип на мажи.

Уверен бакнеж

Тој бакнува уверено, движејњата му се ритмични и еднообразни, тој дејствува решително и властно. Кај некои критично расположени госпоѓици, може да предизвика асоцијација на алуминиумска лажица во устата.  Тој е вистински и многу сигурен маж . Ако барате постојан и верен партнер,  тој практички е идеалната варијанта. Ако дамата е склона кон тивок семеен живот, и од мажот бара пред се морална подршка и спокојство, тогаш тие се создадени еден за друг.

Нежен бакнеж

Бакнува внимателно и речиси скоро и да не користи јазик.  Бакнежот е влажен, можеби и премногу. Притоа тој нежно ја прегрнува партнерката. Тој не е вулкан од страст, но е море од нежност. Жената која ќе се судри со овој индивид, треба да биде потактична и внимателна со неговите чувства. Основниот плус во односите со овој маж, е дека тој ќе ја следи својата љубена и до крајот на светот. Заедничкиот живот со него би бил совршен ако жената постојано го насочува и подржува.

Внимателен бакнеж

Бакнежот со него е како пакетче бомбони со различен вкус. Тој може да бакнува по сите погоре спомнати начини, минувајќи од еден на друг лесно и непринудено. Тој може да се сообрази со желбите на партнерката. Голема среќа е да сретнете таков маж. Но уште во првите часови на врската може да ви го одземат. Тој е многу посакуван и затоа треба да внимавате. Партнерите ќе се среќни заедно ако  дамата е експресивна и уверена во себе. Но таа постојано ќе треба да докажува дека е идеалната жена.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk