After Midnight

Што најмногу ги разочарува мажите во сексот?

Речиси секој маж сака да се чувствува како порно ѕвезда во текот на сексот, но многу често реалноста тоа не го дозволува. Новинарот на британското Metro, Оли МекАтер направи листа на најразочарувачките работи за мажите во сексот.

Прочитајте што се вклучил во листата и проверете дали се пронаоѓате во некоја од овие ситуации.

Играчки за секс:

Ниту еден маж не се чувствува сигурно покрај дилдо од 30 сантиметри кое може да вибрира и да се ротира.

Прерана ејакулација:

„Драга ова никогаш до сега не ми се случило“. Постојано се случува.

Прашањето: „Тоа е се?“

Да, тоа е се. Да не сакаш и трик со карти или пак да направам жирафа од балони.

Фактот дека сексот не изгледа како во порно филмовите

Водењето љубов е прекрасно. Сепак, 80 проценти од мажите сонуваат нивната спална соба да стане како сет од филм за возрасни.

Кондоми

Вистината е дека кондомите штитат од несакана бременост и го спречуваат ширењето на сексуално-преносливте болести, но не се многу удобни. Сепак, мажите ги носат без оглед на тоа.

Кога жената молчи

На мажите им треба охрабрување, слично како што и на спортистите им требаат навивачи. Затоа е корисно кога има барем по некоја воздишка за да биде јасно дека се е во ред.

Кога е премногу гласна

Постојат воздишки од задоволство, а постои и врискање кое звучи како прасе на колење. Тоа воопшто не е секси.

Неуспешните обиди за невообичаени пози

Сте се решиле да пробате некоја нова поза што сте ја виделе на филм или пак во Кама Сутра – но она што изгледа како забавна и возбудлива поза, набргу прераснува како борење во кое некој може сериозно да се повреди.

Големината не е важна“

Се разбира дека големината е важна, можеби не за самиот секс, но поседувањето на голем пенис ќе му помогне на мажот да се чувствува десет пати помажествено.

Потење

Велат дека сексот е најдобрата форма на вежба, но за вежбањето постојат теретани. Никој нормален не сака капките пот да и влезат во очите на партнерката или пак во нејзината уста.

Ајде да имаме секс во тројка

Ако некој маж го предложи ова, веднаш добива епитет на напален секс злоставувач.

Барањето: Ајде пак

Жени, дозволете барем еден час пауза. Ако запознаете некој што може да го прифати тој предизвик по само неколку минути од крајот на сексот, него да си го чувате, лепотици.

Write A Comment