After Midnight

Што приметуваат мажите кај жените за време на првиот секс?!

Жените поминуваат премногу време на средување пред првиот сексуален однос со новиот партнер, меѓутоа, некои од тие работи мажите воопшто не ги забележуваат

Пред првиот секс со новиот партнер жените поминуваат многу време средувајќи се. Тоа вклучува депилација, туширање, солариум, изборот на долна облека, фризура, шминка, а сето ова за да го импресионираат. Меѓутоа, многу од овие работи машките не ги ни приметуваат.

Прочитајте што впрочем прво ќе забележат машките кај вас…

На прво место е самодовербата, бидејќи жената која е полна со самодоверба му покажува на мажот колку е сигурна сама во себе без оглед на изгледот, а тоа нив ги воодушевува.

Исто, една од работите кои ги приметуваат мажите се вашите потези пред и за време на сексот. Нема ништо поубаво од жена која има заводливи движења на телото додека мажот ја допира.

Изразот на лицето кое го имате за време на сексуалниот однос на мажот му е многу важно. Доколку види возбуда на вашето лице бидете сигурно дека сте го плениле.

Мажите не ги збележуваат недостатоците на вашето тело, туку облините. И се фокусираат само на нив. Без оглед како изгледате на него сте му енодоливи додека лежите полугола во затемнета соба, а тој ужива во погледот на вашето тело.

Секој маж сака за време на сексот да го почувствува мирисот на вашето тело и тоа оној природниот. Бидете сигурни дека ќе го заведете повеќе со вашиот природен мирис отколку со некој скап парфем.

Напиши коментар